Македонија

Османи бара „ковид координатор“ во државни институции и приватни компании

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека приватните компании, но и државни институции треба да отворат нова работна позиција, наречена, „ковид координатор“. Вработениот на оваа позиција ќе треба да ги спроведува протоколите за заштита од коронавирусот и нема да има други работни задачи.

„Веќе е време да се создаде нова позиција во сите институции кои имаат повеќе вработени, дали се тоа приватни или државни, а тоа е ‘ковид координатор’, бидејќи очигледно дека оваа болест ќе трае. Оваа епидемија ќе трае. За да ги заштитиме компаниите од затворања кои ќе донесат до значителни економски загуби, но и вработените, најисплатливо за сите е доколку секоја компанија, но и државна институција назначи ‘ковид координатор’ чија што единствена работна задача е внимавање за да се имплементираат протоколите. Очигледно дека инфекцијата се шири во моментите на помалку внимание и помалку контрола во овие колективни компании и институции“, рече Османи.

За оваа можност, било разговарано со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, откако е утврдено дека жариштата во градот се во конфекциските фабрики, каде работат најголем број од жителите.

фото: Архива

На почеток