Поради раст на бројот на ново заразени со корона вирусот во проширен состав заседаваше Комисијата за заразни болести. Информациите се дека присуствувале претставници на МВР, директори на здравствени центри, епидемиолози и други лица и институции за кои се смета дека можат да придонесат во борбата против вирусот. Според информациите на Алсат, се предлагаат заострување на мерките. Инсистиравме за изјава, но дел од членовите на постојаната Комисија за заразни болести ни соопштија дека конечна одлука денеска ќе нема, објави Алсат.
На состанокот кој е зад затворени врати, освен враќањето на полицискиот час ќе се разговара и за можно карантинско затворање на одредени региони во земјава. Како една од точките е и повторно затворање на угостителските објекти, а ќе се разговара и за други ригорозни мерки кои се најавува да стапат уште следниов викенд.
Текстот во целост на: Алсат.
