Македонија

(ВИДЕО) Нов вид туризам во Охрид – Корона туризам, зошто да се седи во карантин, кога може покрај Езеро!

Социјалните мрежи вријат со критики по последните мерки на Владата. Тие велат дека со тоа што половина од државава со тоа што од денеска ќе биде во карантин ги натера жителите на овие места да овој викенд го поминат во останатите места од државава каде нема до толку ригорозни мерки.  Ќе се потсетиме на изјавата на претседателот на комисијата за заразни болести жарко Караџоски кој на повикот од Охриѓани да се затвори градот за првомајските празници рече:

-Затворањето во својата љуштура, во своето гето, кое што велиме ќе се вика „затворено за останатите жители на државата“, прво не е коректно, второ тие луѓе плаќаат данок на општината каде што градоначалникот собира пари од тие луѓе од даноците, трето добива општината помош од државата, и четврто заштитните средства се од овде. Така што затворање на локално ниво или создавање на таканаречени виргинални подрачја во коишто нема да има влез ниту излез на други граѓани се со цел да си се заштитиме ние, не е хумано,  не е коректно, не е епидемиолошки издражно и крајно сметајте дека целата држава има Ковид за полесно да спиете, истакна Караџоски пред првомајскиот викенд.

Очигледно претседателот си стои на истиот став и сега, кога колони возила се упатија денеска токму кон Охрид, Маврово Дојран. Дали ова значи дека следното жариште за две недели од сега треба да го очекуваме на овие места?

На социјалните мрежи има низа критики упатени до комисијата која го дозволи ова:

-Не знам кој ум ги осмисли меркиве. Веројатно логика на осмооделенец ќе беше поефикасна. Сега имате егзодус по Охриди, Маврови и Дојрани и еден куп села од коишто ни доаѓаат пола скопјани. Викендици, станови, куќички распослани низ државичево колку сакаш…
Приградските населби на Скопје имаат лесен и брз пристап до автопатот и обиколницата. Ене го кај е Велес…А во Тетово не мора ни да влезеш, цепиш право во Гостивар кој не е во карантин. Значи, еден фин начин да испоразболиме цела држава за три дена, одличен начин да отворите уште сто нови кластери!! Да не зборам за лудилото по супермаркетите вчера и денес.

Не ве бива, дечки, можете да имате сто Кризни штаба и Центри за епидемии, здрава логика немате. И уште се дрзнувате да наметнувате Ковид координатори!!!!

https://www.facebook.com/lukrecija.atanasovska/posts/10219614713773354

фото: Скопје 1

 

На почеток