Македонија

СДК: 4 медицински сестри и 2 болничари од ГОБ „8 септември“ позитивни на КОВИД-19

Шест медицински лица, од кои четири сестри и двајца болничари од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје се позитивни на КОВИД-19, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Христијан Костов, директор на болницата.

Едната сестра била ангажирана во КОВИД центарот кај најтешките пациенти, а останатите медицински лица се од другите одделенија каде се третираат суспектни случаи.

Шесте медицински лица имаат благи симптоми, кашлица и температура, а поради контактите на работа, во изолација се десет нивни колеги – сите медицински лица.

Текстот во целост на: СДК.МК

На почеток