Македонија

Според министерот Филипче причината за зголемувањето на бројот на инфицирани е непочитување на мерките

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека околу 15 семејства сочинуваат 90 отсто од новите случаи на инфицирани со КОВИД 19.

Сепак, како што рече тој, има случаи и надвор од овие семејства, што покажува дека вирусот е присутен во нашата земја.

Според министерот причината за зголемувањето на бројот на инфицирани е непочитување на мерките.

Министерот неколку пати на прес конференцијата посочи дека и покрај тоа што бројката на заразени деновиве е висока, вирусот се шири во рамките на кластерите и на тие лица кои се веќе во изолација, но повторно нагласи дека има и случаи кои не се поврзани со кластерите.

„Вирулентноста значајно слабее, анализата на симптомите покажува дека има огромен број на асимптоматски случаи и со многу лесни симптоми, близу 90 проценти. Ова воопшто не треба да значи дека вирусот не е опасен. Сведоци сме дека и сега има пациенти со тешка клиничка слика“, исткна Филипче.

 

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/1048200495575388/?epa=SEARCH_BOX

На почеток