Македонија

ВМРО ДМНЕ: Листата на „Форбс“ покажа дека Заев и СДСМ немаат капацитет да се справат со Ковид-19

СДСМ не направи ништо да ги заштити граѓаните. Бројките во изминатата недела ја докажаа неспособноста на СДСМ во справување со корона вирусот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ единствено се грижи за политичката кариера на Зоран Заев. СДСМ бара избори во ек на пандемија без да размислува за здравјето на граѓаните.

Неспособноста на СДСМ и Филипче се согледа „Форбс, ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

За ова СДСМ ќе одговара, бидејќи со нивното доаѓање на власт донесоа само хрибриден режим, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

На почеток