Македонија

Полициски час од 22 до 05 во општините со голем број заразени предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести ќе предложи продолжување на  полицискиот час во критичните региони со голем број активни случаи на КОВИД-19.Полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро и тоа само за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип со дел од околните општини во кои има зголемен број на заболени со Ковид-19.

Неофицијално комисијата за заразни болести препораката за отворање на границите ќе ја дадат откако во земјава бројот на заразени со корона вирусот ќе биде помал од 50 дневно и додаваат дека и денеска кривата оди во надолна линија, што значи дека бројката на заразени ќе биде помала од вчерашната.

фото: Архива

На почеток