„Македонски концепт“ започна со промоција на граѓанската палтформа 3С програма 2020 год „Слобода, Спокој и солидарност“. Програмата е резервоар на конкретни проекти, селектирани во три области. Слобода како највисока вредност за иградба на фер општество, Спокој како стил на живот, резултат на извесна иднина и Солидарност како единствено општествено прифатливо поведение, истакна на денешната прес конференција Калин Митрески од „Македонски концепт“
„Политичките партии во моментов се натпреваруваат со објавување на бомби кои создаваат нови проблеми во нашето општество. Го прифаќаме предизвикот и ќе започнеме и ние со нашите „бомби“, а тоа се нашите проекти кои се решение за проблемите кои ги создаваат партиите.
Првата програма од 3С програмата 2020 год прв дел Слобода е проектот е држава без етнички партии.„ Македонски концепт“ промовира нормална држава. Многумина се прашувате каква е таа држава. Ова е држава без етнички партии. Политичките партии со своето непримерно поведение влијаат негативно врз вкупниот развој на земјава. Тие се недемократски во суштина и базирани на неетнички принцип, со што спречуваат развој на вистинското демократско и мултиетничко општество постојано предизвикувајќи етнички и политички кризи, истакна Митрески.
Митрески додаде дека „Македонски концепт“ тргнувајќи од својата определба за граѓанска држава промовира потреба од уставни измени со повеќе амандмани. Еден од нив ќе биде забрана на постоење на етнички партии. Нема веќе политички партии со етнички предзнак, нема веќе албански, турски, српски или македонски политички партии, туку само граѓански партии.
„Ќе биде оставен рок од 6 месеци за импленетација на уставните одредби во статутите и програмите на постоечките политички партии. Ќе опфати промена на нивниот назив, статутарни и програмски определби согласно граѓанските начела според новиот устав. Доколку некоја политичка партија истото не го имплементира ќе биде избришана од судскиот регистар на политички партии.Таа измена ќе биде пропратена со промени во изборниот законик во насока на создавање на една изборна единица, промени во законот за политички партии … Партиите ќе бидат обврзани да дејствуваат на цалата територија на државата, а не регионално на етнички принцип. Тоа ќе придонесе тие да изготвуваат програми и испраќаат пораки кон сите граѓани на Македонија“, истакна Митрески.
„Македонски концепт“ од денеска започна со промоција на својата програмаПоради здравствената криза со КОВИД 19 и забраната за собири нашата 3С програма 2020 год ќе ја промовираме преку тематски прес конференции.