Свет

Земјотрес во Тирана со интензитет од 4.5 степени, нема повредени

Земјотрес со интензитет од 4.5 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во Тирана, а тресењето на тлото било почувствувано и во другите градови.

Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на длабочина од два километри, објави АП.

Албанското Министерство за одбрана соопшти дека никој не е повреден, а не е предизвикана ниту поголема материјална штета на објектите.

фото: Архива

На почеток