Во вечерашното емитување на емисијата „Само вистина“, гостуваше д-р Вело Марковски кој што даде свое видување за состојбата со коронавирусот во Македонија. Според моменталните и претходните бројки, околу 25 проценти од населението имало контакт со вирусот, изјави докторот Марковски.

-Мое мислење, но и според мислењето на многу епидемиолози, од 30 до 40 проценти се потребни за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и после 20-25 јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени. Луѓето треба да сфатат дека ова е корона-војна и ние сме исплашени. Колку сме повеќе исплашени, толку повеќе панично реагираме и носиме полоши решенија, смета Марковски.