Советник од кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев е позитивен на Ковид-19. Како што информираше Чулев, советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, објави Макфакс.
Советникот последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6 јуни, кога е потврдено дека е позитивен. Чулев со него последено се сретнал на 24 мај.
Министерот истакна дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството.
Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.
извор: Макфакс