Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако. По фејк њуз Христијан Мицкоски, портпаролот Димче Арсовски, во своите лажни вести се заглави и потпретседателот Владо Мисајловски, се вели во соопштението од СДСМ.
Славата со пласираните лажнати вести на Мисајловски многу кратко траеше.
Фејк њуз Мисајловски постираше фотографија од велосипедска патека во Австрија со свесна манипулација дека тоа е кај нас но веднаш беше поклопен од вистината.
Додека Владо Мисајловски од фејк-њуз ВМРО свесно објавува и шири лажни вести со кои ги манипулира граѓаните, реалноста е сосема поинаква.
Реалност се пречистителните станици, реалност се автопатите, регионалните патишта, водоводите, реалност е гасификацијата низ цела држава!
СДСМ останува посветена на развој и унапредување на инфраструктурата, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поделби, омраза и она што го знае најдобро, да биде фејк-њуз партија, се вели во соопштението од СДСМ.
фото: Архива