Вирусот постои за Митрополитот Преспанско Пелагониски и не дај Боже можат да се заразат и црковните лица, но црквата кажува дека од причесната не може да се заразиме оти сите свештеници досега ќе се разболеа и умреа. Владиката препорачува секој заразен и кој што контактирал да биде во изолација или самоизолација.
– Заразените да не доаѓаат во црква и нека повикаат свештеник со заштитна опрема дома за да се причестат без лажичка, со налевање. Селективно однесување поинакво за едни верски заедници, а друго за Македонската православна црква е погрешно и ваквиот однос нема да придонесе за почитување на мерките и надминување на пандемијата Политичарите не делат нас и внатре во Синодот на наши и ваши. Ако во манастирот Јован Бигорски за Велигден и Струга со литијата се направени грешки штом не седнале цивилните власти и владиците да се договорат претходно, не треба понатаму така да се продолжи со тој однос, истакна Владиката Петар, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
Според митрополитот Преспанско Пелагониски раздавањето за Задушница на гробишта е погрешно, Раздавањето за покој на душата на починатиот треба да биде за помош на сиромашните и немоќните, а не за гоштевање на блиските на покојниот.
Владиката Петар побара државата да помогне со плата за свештениците, кои економски исто така се силно погодени од пандемијата.
Во емисијата гостуваше и градоначалникот на Дојран Анго Ангов.
– Не треба стапови како во Индија, само туристите да бидат одговорни, за да не се прелее вирусот во оваа засега „чиста” општина. За претстојната летна туристичка сезона, која поради коронавирусот граѓаните ќе ги упати во домашните летувалишта и одмаралишта, интензивно се подготвуваме и работиме на потребните протоколи и процедури што ги наментува новата реалност – рече Ангов.
фото: Архива