Македонија

Филипче: Секој настан без оглед дали се избори или не, доколку е според протоколи нема ризик

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата изјави дека било кој настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.

-Во однос на изборите, од нас беше побарано да се дадат протоколи како би се организирале и како би се спровеле. И се што се организира и спроведува, дали се избори или било кој друг процес, се докажа дека нема ризик ако се спроведе како што треба. Сите овие новодијагностицирани се заради тоа што протоколите не се почитувале. Комисијата интензивно работи на изработување на протоколи – на работа на компании, бизниси на отворено, на затворено, во мал простор, голем простор. Исти се принципите. Жално е што има организирано настани каде што се кршат сите препораки дадени, истакна  Филипче.

Што се однесува до мерките, Министерот истакна дека полицискиот час на некој начин е модифициран и засега нема потреба да се воведуваат дополнителни мерки од тие што се сега како активност на терен.

„Сметам дека нема потреба од менување на стратегијата за справување со пандемијата со ковид-19. Таа е добра и се надградуваа врз основа на карактеристиките, на бројот на луѓето, на кластерите, географската положба на местото, распределбата и контактот помеѓу кластерите. Во таа смилса има некои генерални и општи мерки, но има и некој спицифични мерки“, истакна министерот одговарајќи на новинарско прашање.

фото: Архива

 

На почеток