Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека неговата партија нема да учествува на изборите, доколку тие се одржат на 5 или 8 јули. Тој бара избори во средината на јули или тогаш кога ќе дојде мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од каде, како што тврди Мицкоски кажале дека можат да пратат оценувачка мисија, но не и набљудувачка мисија. Мицкоски е дециден, велејќи:
„Избори на и 8 јули не доаѓа во предвид“. „Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од тие избори ниту на 5 ниту на 8 јули. На состанокот кај Пендаровски се слушаше само 8-ми јули“, посочи Мицкоски.
Тој не сакаше да сподели што се зборело кај претседателот Пендаровски каде беше со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Мицкоски најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе има состанок на Централниот комитет, по што, додаде „До крајот на денот власта да се вразуми, избори на 5-ти или 8-јули не прифаќаме“.
„Ние имаме два услови, јасни протоколи за здравјето на граѓаните, а втор е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите. Тоа што го соопшти денес ОБСЕ/ОДИХР е невозможно да се случи. Доколку ОБСЕ/ОДИХР ја воспостави мисијата денеска, тогаш кампањата може да почне утре. Од она што можам да го видам е дека ОБСЕ/ОДИХР нема да праќа набљудувачка мисија туку оценувачка мисија. Тоа е степен подолу од набљудувачката мисија. Според ОБСЕ/ОДИХР тоа ќе бидат седуммина. А најрано можат да дојдат е 17 јуни, а не порано од 22 јуни, што значи дека ако одлучи Зоран Заев и СДСМ да води избори на 5 и 8 јуни ќе започнат без мисија на ОБСЕ/ОДИХР што е надвор од вредностите на Европската Унија“, додаде Мицкоски.
фото: Архивав