Коронавирус

162 нови случаи на ковид 19, починаа 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.
Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 1858, активни 1210
•       Куманово 640, активни 221
•       Дебар 61, активни 10
•       Штип 238, активни 196
•       Прилеп 228, активни 20
•       Тетово 413, активни 239
•       Струга 127, активни 49
•       Велес 150, активни 27
•       Битола 33, активни 6
•       Охрид 69, активни 51
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 66, активни 41
•       Гевгелија 8, активни 4
•       Струмица 8, активни 5
•       Крива Паланка 10, активни 4
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 3, активни 0
•       Кочани 54, активни 23
•       Пробиштип 11, активни 9
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 4, активни 3
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 9, активни 8
•       Кичево 3, активни 1
•       Ресен 19, активни 18
•       Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111.  До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

фото: Архива

На почеток