Општина Охрид денес започна активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.
Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.
Додека трае акцијата во јавноста се шпекулира колку ниски цени плаќале тие кои менаџирале и кога имале договори. Неофицијално сите плажи заедно плаќале околу 10 000 евра наемнина годишно, а користеле илјадници метри квадратни државно земјиште. Имало и плажи на најатрактивни локации кои плаќале наемнина од околу 40 000 денари годишно, за околу 1000 метри квадратни државна земја.
фото: Скопје 1