Македонија

Претпладне облачно, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветери со темература до 28 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. В петок ќе биде посончево и потопло, со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а од сабота повторно ќе има услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

фото: Архива

На почеток