Полицијата ги уапсила градоначалникот на Будва Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание Крсто Радовиќ пред општинаката зграда. Уапсени се и менаџерот на Општина Будва, Мило Бошовиќ, секретарот за инвестиции, Младен Микиељ, Никола Јовановиќ, шефот на кабинетот на Царевиќ, како и Ѓорѓе Вујовиќ, советник на Царевиќ. Уапсени се и синот и братот на Марко Царевиќ.
На оваа акција претходел обид на кородон полицајци да обезбедат влез на Управната инспекција во просториите на Општината Будва.
Поради оваа акција утрово во Будва е тензично, собрани се поголем број граѓани, а градскиот булевар е блокиран. Градот е под целосна полициска опсада пренесуваат тамошните медиуми.
Вчера, Царевиќ поднесе кривична пријава против тројца инспектори на Управната инспекција, како и против членот на Управниот одбор на ДПС, Снежана Куч и локалниот лидер на Црногорска, Владимир Булатовиќ, за „злоупотреба на службената положба, создавање криминална организација за насилно преземање и упад во службени простории“.
фото: Kurir
