Македонија

Рекорден број на тестови за КОВИД 19, од 1 391 тестиран позитивни се 193 лица

193 позитивни на тестот за КОВОД 19 во земјава за само еден ден. Ова е втор најлош „резултат“ од почетокот на епидемијата од коронавирус во земјава.

Но денешните податоци сепак  се загрижувачки, затоа што од почетокот на пандемијата кај нас се направени толку многу тестови за едно деноноќие. Во поскедните 24 часа, биле направени вкупно 1 391 тестирање, соошти министерот за здравство Венко Филипче.

Според анализата пак која ја направи „360 степени“, последниве недели се прават отприлика двојно повеќе тестови отколку што тоа беше случај при првиот врв на заразата во средината на април. Или, како што покажува графиконот подолу, од 1 април па се до крајот на мај, вообичаено се правеа меѓу 400 и 700 тестови за ковид-19 дневно. Од почетокот на јуни, кога почна да расте и бројот на заболени, дневно се прават меѓу 800 и 1 400 теста.

Од почетокот на април до денеска во најлошиот период во април, процентот на позитивни тестови се движеше од околу 10% позитивни тестови до највисоки 19,4%. Потоа, тие бројки драматично опаднаа кон крајот на април и цел мај, кога имаше и помал број на новозаболени. На почетокот на јуни повторно почна да расте процентот на позитивни тестови до 20,8% во еден ден, на 14 јуни. Денеска процентот е 13,9%, односно од 1 391 тестиран позитивни биле 193 лица.

Текстот во целост на: „360 степени“

На почеток