По шест и пол месеци судски процес за „Рекет“, денеска ќе биде соопштена пресудата за овој предмет. Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, ќе добијат затворска казна и колку или пак ослободителна пресуда?
Катица Јанева поднела барање до судот да не биде спроведена од страна на полицијата во судот каде ќе биде соопштена пресудата.
Адвокатот на Јанева Ирена Фрчковска потврдува дека Јанева нема да ја слушне пресудата во, но не ја открива причината поради која нејзиниот клиент одбива да присуствува на крајот од судскиот процес.
фото: Архива