Македонија

На автопатот Гевгелија – Скопје граничната полиција во камион пронашла 142 мигранти

На автопатот Гевгелија – Скопје граничната полиција во камион пронашла 142 мигранти, а возачот побегнал од местото.

На 10 јуни годинава, утрото полицијата прво го забележала камионот и приклучно возило, како се движи со голема брзина. Тие се упатиле кон камионот со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.

Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Фото: Архива

На почеток