Македонија

Викендов ќе се одлучува за отворање на границите без тест и изолација

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека викендов со Комисијата за заразани болести ќе дискутираат за отворање на границите од почетокот на следната недела без приложување ПЦР тест и примна на мерките за изолација.

-Со оглед на тоа што не можеме да живееме затворени и  тоа што апсолутно целиот регион, еве сега со нови податоци, со исти епидемиолошки ризик, овој викенд ќе имаме состанок со Комисијата за заразни болести и ќе разговараме за отворање на границите од следната недела.  Веднаш после заклучокот после препораката, којшто ќе се темели на анализите, ќе ја соопштиме таа одлука на јавноста, рече министерот Филипче во гостување на ТВ Канал 5.

фото: Архива

На почеток