Коментари

Мицкоски: Одговорноста за пожарот во продавницата на Мисајловски е кај СДСМ

Вистинското лице на власта е она кое се случило утринава во Ѓорче Петров каде е фрлена експлозивна направа во семејниот дуќан коj е во сопственост со децении на семејството Мисајловски, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во објавата на Мицкоски, тој уште додава:

Овде не се работи за “случаен” пожар каков му се случи на Vlado Misajlovski пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова. И ова е израз на целосна немоќ, страв од пораз и тотална забеганост. Во таква една специфична состојба за нив, тие атакуваат врз слободата и интегритетот на првите лица на опозицијата. Ќе потсетам дека и Игор Дурловски беше вербално нападнат од советник на премиерот. Ова раководство на владејачката партија е свесно дека губи и дека им нема спас, ова е крик на очајни луѓе кои прават се за да не одгововараат пред лицето на правдата. Ама падот е неизбежен и ништо не може да ги спаси. Овде битката е дали ќе им дозволиме на такви бандити да ни ја земат државата и ги контролираат нашите судбини или народот ќе си ја врати државата кај себе. Тие не се свесни дека јас и сите околу мене се решени да одиме до крај додека не го поразиме ова зло. Македонија е многу повеќе наша и на чесниот народ, колку што е на криминалците кои сакаат да печалат на туѓата мака. Ако пораката која сака власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нашиот одговор е одлучност. Тие сакаат држава со искривена кичма, ние ќе ја исправиме Македонија и ќе ги победиме. Мојата поддршка за Владо Мисајловски. Македонија е посилна од сите нив.

На почеток