Македонија

„Македонски концепт“ нуди нов концепт за реформи во правосудниот систем

Се залагаме за изградба на концепт кој во себе ги обединува правичноста, експедитивноста/ефикасноста и еднаквоста. Ваквиот концепт е една од основите на градењето нормална држава, за која досега многу шанси се прокоцкани. Судот постои заради граѓаните и истиот треба да ги штити правата на граѓаните, а не тој да биде дополнителен проблем при остварувањето на правата на граѓаните, велат искусните адвокати Илија Илијоски и Владимир Бенгиевски за тоа што сѐ треба да се направи за вистински македонскиот правосуден систем, објави МКД.МК.

Обајцата адвокати ја составија програмата на Македонски концепт за владеење на правото во Македонија. Тие се согласни со оценката дека сега е моментот и дека ова е последна шанса.

Сите досегашни истражувања покажаа дека македонски правосуден систем се соочува со длабока ерозија и евазија во неговата основна задача – правораздавањето, односно носењето одлуки засновани на закон и со правилна и целосно утврдена фактичка состојба. Сведоци сме на сѐ позачестен однос на третата власт во државава чијшто однос е далеку од професионален и во рамки на нормалното однесување на учесниците во судските постапки, пред сѐ судиите и јавните обвинители.

„И за жал тоа постојано се провлекува и толерира, а ефектот од истото е разорен за македонското правосудство. Најзасегнати од ваквиот однос на поединци и групи во правосудството, се граѓаните кои после многу затворени врати на кои наидуваат особено во извршната власт, својата надеж ја бараат во судската власт и нејзината моќ и способност да донесе правда за секој граѓанин во оваа држава. Граѓаните бараат конечно правдата да прогледа во Македонија“, вели адвокатот Илијоски.

И за неговиот колега Бангиевски, нема ништо спорно во уставната поставеност за тоа дека  судската власт е независна, трета власт, ама…

„Така е само декларативно. Во пракса гледаме, на дневна основа што се случува. На оваа тема мислам дека се правени најмногу обиди за менување на работите, но некој посебен резултат нема. Прво, секоја власт прави сѐ да го стави судството под своја контрола. Ова е константа, непроменета 30 години наназад. Иако секоја власт, повторно ќе кажам, декларативно, вели дека е за независно судство и дека не се меша во нејзиното работење, практиката тоа не го покажува. „Бомбите“, односно прислушуваните материјали, кои се пуштија во јавноста, само докрај ги разјаснија работите и ги изнесоа на површина сите валканици“, вели Бенгиевски.

Правдата е главен императив на постоењето на судската власт.

Илија Илијоски

„И спората правда е неправда. Еднаквоста е елементот кој во многу случаи е тотално занемарен, а претпочита еднаквост на страните во постапката односно граѓанинот, корпорацијата, државниот орган, единицата на локална самоуправа кога се странки во определена правна работа, за судот се еднакви и како такви тој треба да ги третира во текот на целокупната постапка без разлика дали се работи за постапка пред основен, апелациски, управен, виш управен или пред Врховниот суд на Македонија. Овој концепт може да се именува како Правда за сите“, вели Илијоски.

Бенгиевски вели дека токму судството веќе 30 години е најслабата карика во системот на власта.

Владимир Бенгиевски

Но, што треба да се направи за да имаме европско судство, затоа што крајно време е нешто суштински да се направи за да се променат состојбите.

Текстот во целост на:МКД.МК

На почеток