Коментари

Чулев: Ниту Наќе е ’луд‘ како што би рекол Шилегов, ниту пак полициските службеници се виновни што дел од политичарите од власта не водат грижа за сопственото здравје

Министерот Наќе Чулев вечерва преку социјалните мрежи објави статус за ситуацијата со коронавирусот и со низа обвинувања за власта.

Тој вели дека коронавирусот е државен, а не политички или партиски проблем, но ги обвинува претставниците на власта дека брзајќи да најдат виновник во спротивните политички редови заборавиле да се грижат за сопственото и за здравјето на граѓани.

„Тоа доведе до состојба во која секојдневно имаме фрапантни бројки на новозаразени од коронавирусот, а дел од нив се токму од редовите на СДСМ. Ниту Наќе е ’луд‘ како што би рекол Шилегов, ниту пак полициските службеници се виновни што дел од политичарите од власта не водат грижа за сопственото здравје. Исто така МВР не е виновно што дополнителниот заменик министер Петровска не ги почитува препораките за групирање. За каква одговорност пред граѓаните зборуваме, кога тие со своите постапки покажуваат исклучителна ниска одговорност за своето здравје? Како да очекуваме тие да го заштитат здравјето на граѓаните кога не се способни да го заштитат своето здравје?“, напиша Чулев на ФБ.

Министерот апелира политичарите да покажат високо ниво на одговорност.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/168993161294153

На почеток