Новинарската екипа на БИРН во Белград објави истражување според кое српските власти ги кријат бројките за лицата позитивни на корона вирусот, но и за починатите. Претпоставките се дека на владејачката партија на Александар Вучиќ ваквата ситуација и оди во прилог затоа што Србија имаше парламентарни и локални избори пред два дена.
За да може Вучиќ да ги оргазнизира изборите беше неопходно целосно да ги укине рестриктивните мерки, но тоа резултираше со масовни собири на стадиони, музички настани, предизборни собири… затоа Србија станува големо жариште. Новинарките написи откриваат дека до први јуни починале 632 лица, а не 244 како што прикажале властите во Белград. Дополнително, последните денови постојано има од 300 до 350 нови заразени на ден, иако властите никогаш не објавиле бројка поголема од 90.
фото: Архива