Македонија

(ФОТО) Реката Брегалница ја загади фирма превозник во ТИРЗ зоната во Штип

Пукнато црево на цистерна на транспортна компанија со која се пренесувала хемикалија за процесот на производство во компанијата Техникал Текстајл во ТИР зоната во Штип, е причина за вчерашната еколошка хаварија и реката Брегалница да биде обоена со густа и бела течност, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Бочварски истакна дека веднаш по хаваријата вчера во 19:15 часот се земени анализи на водата на влез и на излез од филтер станицата, а  коишто покажале дека квалитетот е согласно правилникот за безбедност на водата според хемиска и бактериолошка анализа.

Инаку хемикалијата се излила во кругот на фабриката а од таму во атмосферската канализација, која се слеала во каналот кој води до реката. Во непосредна близина се бунарите за вода за пиење, анализите покажуваат дека не е згадена водата во градскиот водоводен систем и не го загрозува здравјето на граѓаните.

https://www.facebook.com/nkarakasov/posts/10223064610389324

 

 

На почеток