Полицијата во Будва повторно ги уапси градоначалникот, Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание, Крсто Радовиќ. Пред една недела полицијата уапси 23 лица, меѓу кои и Царевиќ и Радовиќ.
Како што соопштија тогаш регионалните медиуми, пред акцијата за апсење бројни полициски сили биле распоредени околу општинската зграда во која претходната ноќ останале уапсените први луѓе Царевиќ и Радовиќ, на кои неодамна им била изгласна недоворба од локалниот собраниски состав на Будва.
Според српските медиуми, скриена причина за апсењата на градоначалникот на Будва наводно е неговата поддршка на литиите кои Српската црква ги организира против Законот за вероисповед во Црна Гора.