Македонија

Судскиот предмет на Латас за викендичката во Зелениково, повторно ќе се отвори

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда која ја донесе Кривичниот суд Скопје, со што на новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои СЈО ги гонеше за бесправно градење викендички во Зелениково во предметот „Тревник“, повторно ќе им се суди.

Претседателката на Апелациониот суд, Лидија Димчевска, вели дека не ги знае причините поради кои е донесена одлуката, но потврди дека предметот е вратен кај судијата кој претходно го судел.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост.

фото: Архива

На почеток