Скопје

(ВИДЕО) По градоначалникот во Будва се апсат и пожарникари

Припадници на Посебната единица на полицијата ја блокираа Службата за заштита и спасување во Будва, при што уапсени се седум пожарникари, пренесе „Вијести“.

Припадниците на Посебната единица ја напуштиле станицата на Службата за заштита и спасување, а во просториите останале полициски инспектори кои продолжиле со увидот.

Како што пренесува ТВЦГ, уапсени се седуммина пожарникари припадници на Службата за заштита и спасување во тој град, поради сомневање дека се дел од криминална група.

Повикувајќи се на свои сознанија, црногорскиот јавен сервис пренесува дека началникот на таа служба, Драган Божовиќ, вчера бил уапсен, по налог на Специјалното државно обвинителство и му е одреден притвор од 72 часа.


Полицијата во Будва вчера повторно ги уапси градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание, Крсто Радовиќ.

 

фото: PV Informer

 

На почеток