Македонија

Агенцијата за разузнавање тврди дека има нови сознанија за „Диво Насеље“

Имаме нови сознанија за кумановските настани од 2015 година и деновиве треба да имаме средба со Јавното обвинителство да видиме како може да помогнеме за целосно расветлување на случајот, вели за Радио Слободна Европа директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Сите тајни за „Диво Насеље“ не се закопани со смртта на водачите на кумановската група Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Агенцијата за разузнавање има нови сознанија, а обемна анализа за настанот е предадена во Јавното обвинителство, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу во интервју за Радио Слободна Европа, кое во целост ќе се емитуваме в недела. Тој најавува дека Агенцијата претходно била неискрена со Јавното обвинителство и оти наскоро треба да има средба со обвинителите да видат како ќе може да помогнат во расветлувањето на случајот.

фото: Архива

На почеток