Свет

(ВИДЕО) Хаос на седницата во Општина Будва, приведени советници

Во општинската зграда во Будва, малку фалело за физичка пресметка меѓу советници, објави „Вијести“.

Според медиумот, советниците од Демократскиот фронт и СНП влегле на седницата закажана од новото мнозинство, по бројните препирања со приватното обезбедување на влезот од зградата.

Во инцидентот приведени се петмина советници – Крсто Раџеновиќ (СНП), Јанко Димиќ, Дејан Божовиќ, Наташа Митровиќ и Џорџе Вујовиќ од Демократски фронт.

Јанко Димиќ претходно рекол дека е фрлен солзавец и дека советниците се избркани надвор.
Според информациите, ниту советниците од ДФ и СНП ниту обезбедувањето од приватна агенција не сакале да покажат легитимација.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1151193548592750&id=299250197120427

И претставниците на медиумите биле повторно запрени на влезот на зградата. Новинарка на „Победа“ насилно била исфрлена од ходникот, а советниците од ДФ скокнале да ја бранат од обезбедувањето.
Изминатите денови во Будва имаше повеќе инциденти и судири меѓу полицијата и граѓаните, приврзаници на власта предводени од Царевиќ и Радовиќ.

фото: Prijedor24H

 

На почеток