Коронавирус

Во земјава починаа голем број млади луѓе, без претходно никакви сериозни здравствени проблеми

И покрај тоа што луѓето кои имаат хронични заболувања како што се дијабетес, бубрежно болните, особено оние кои се на дијализа, луѓето со кардиоваскуларни заболувања, оние кои претпеле мозочни удари, претставуваат најризичната група на пациенти од корона вирусот, сепак, според податоците од лекарите, во нашата земја починаа голем број млади луѓе, без претходно никакви сериозни здравствени состојби, објави фактор.мк.

И последниот случај, смртта на 40-годишниот ресенчанец, Илче Котевски, ги остави во шок и самите лекари, вработени во ГОБ „8 Септември“.

-Се сомневаме дека смртта кај него настапила како последица од пнеумоторакс. Тоа е воздух во белите дробови од скината алвеола. Котевски немаше други хронични заболувања. Дојде во ГОБ „8 Септември“ со тешка пневмонија што е директна последица од Ковид-19. Белите дробови практично му беа распарчени,  вели меѓу другото д-р. Драган Клопчевски, специјалист интернист, во моментов распределен во „8 Септември“, за Фактор.

Извор: Фактор.мк

На почеток