Кинески научници идентификуваа нов тип на грип кој има потенцијал да прерасне во пандемија. Тој се појавил неодамна и негови носители се свињи, но може да зарази и луѓе, велат тие.
Иако тој моментално не претставува проблем, истражувачите стравуваат дека би можел да мутира со што полесно би се пренесувал од човек на човек, предизвикувајќи глобална пандемија, па затоа мора да се набљудува. Бидејќи е нов, луѓето би имале малку или воопшто не би имале имунитет.
Извор: СКД.мк