Македонија

МВР со детали за тракторската несреќа по која две деца се удавија во реката Струмица

Малолетници на возраст од 15 и 14 години, поради тракторска несреќа, вчера се удавиле во реката Струмица.

Како што информираат од МВР, 15-годишник од селото Добрејци и 14-годишник од Пиперево, со трактор кој го управувал 14 годишникот, во попладневните часови се упатиле кон местото викано Таре на реката Струмица за да ловат риби.

Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а децата се удавиле.

На местото на инцидентот извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

На почеток