Македонија

Антонијо Милошоски хоспитализиран на скопската Инфективна клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е хоспитализиран на скопската Инфективна клиника, дознава „Фокус’“ од извори на клиниката.

Според информациите на Фокус, тој бил примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов била стабилна.

Се уште нема официјални информации дека Милошоски е позитивен на Ковид 19. Пред неколку денови, неговата мајка на својот фејсбук профил објави дека како медицинска сестра, која работи во болницата во Кичево е позитивна на корона вирусот.

извор: Фокус.мк

На почеток