Коронавирус

Здравствените работници во „8 Септември“- барат замена

Да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19 во ГОБ„Септември“ затоа што веќе нема место место-оделенијата на петте спрата се преполни, а вработените се преморени и исцрпени, бараат од лекарите од болницата, објави novatv.mk

Таму во моментот има околу 150 пациенти со Ковид, а на одделите каде што се најтешко болните, каде се приклучени на респиратори и на маски со кислород ситуацијата е драматична.

Лекарите велат дека по четири месеци борба со вирусот, тие веќе се на крај на сили.

„Ситуацијата е критична. Треба да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19. Сите сме на крај на сили, особено тие што сме во трите оддели каде што се најтешко болните, во шок соба, интензивна, во Ковид центарот.

Последен момент е да ни се најде соодветна замена за да одмориме малку, да пратат анестезиолози и обучени медицински сестри да не заменат“, велат за НОВА лекари од болницата.

Текстот во целост на:  novatv.mk

фото: novatv

На почеток