Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното интервју за емисијата “200” на ТВ Алсат, посочи дека би сакал да продолжи соработката со истите партнери и во идната Влада, поточно со СДСМ.
-Сега, јас не сакам да прејудицирам, по моето мислење и процена, би било од полза да продолжиме истите партнери, затоа што има прашања кои сме ги започнале“, истакна Ахмети.
На дополнително прашање дека тоа значи оти го преферира СДСМ, тој кратко одговори:
-Но, одлучуваат граѓаните.
За понудата за премиер Албанец и за кандидатот Насер Зибери, пак, тој рече дека идејата е на ДУИ, но името на кандидатот не е, но не одговори конкретно дали смета дека другите албански партии ќе го прифатат по изборите.
фото: Армети