Македонија

Шекеринска во посета на две охридски фабрики

Носителката на листа на СДСМ во Изборна Единица 5, Радмила Шекеринска денес заедно со претставници на партијата и директорот на „Царинската Управа“ Ѓоко Танасоски ги посетија фабриките „Братство“ и АСП – ПАК.

„Охрид не е само познат по природните убавини и туризмот, туку и по успешните домашни компании. Денеска ја посетив компанијата „Братство Инокс“ која е надалеку прочуена по исклучително квалитетни садови за домаќинство и угостителство. Навистина е задоволство да видиш успешна компанија која преку својата умешност и труд се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домаќинство во Југоисточна Европа. За развој на поголеми вакви бизниси, СДСМ во следните четири години насочува 600 милиони евра кон домашните компании и странските инвестиции“ – истакна Шеќеринска при посетата на фабриката „Братство“ која е производител на познатите во земјава и регионот тенџерињата „Братство“.

„На мое големо задоволство денес ја посетивме компанијата „Братство Инокс“ Охрид, која опфаќа повеќе дејности во металната индустрија. Оваа компанија е вистински пример за успешно работење и посветеност на локални стопанственици. Како власт во текот на изминатите три години презедовме значајни мерки за унапредување на економскиот развој.“ – истакна Жаклина Лазареска, кандидат за пратеник на СДСМ од Охрид.

„Значи можело и повисоки плати и силен раст на компаниите. Затоа ги поддржуваме македонските фирми. Затоа инвестираме во нови техники и иновации. 👉АСП ПАК од Охрид е исклучително успешна компанија која својот бизнис го гради веќе 31 година при што во последните 24 години секоја година ивестирале по 1-1,5 милион евра. Таргетот на оваа компанија е следните четири години најниската минимална плата да достигне 700 евра. 👏
Компанијата нема ниту еден долг, а нашата Влада ја поддржува со 5,3 милиони евра за четиригодишни инвестиции.“ напиша Шеќеринска на ФБ по посетата на АСП ПАК.

На почеток