Скопје

(ВИДЕО) Камерата ги регистрира крадците на велосипеди, полицијата не ги гледа

Фотографија на крадец кој зема велосипед од дворот во една станбена зграда е објавена на фејсбук-групата „Украдени точаци“. На неколкуте објави се гледа како крадецот им се доближува на велосипедите, а потоа зема еден од нив.

Граѓанинот која ја споделил фотографијата навел дека кражбата се случила во населбата Аеродром, а дека крадецот притоа носел и шипка.

Објавените фотографии веднаш предизвикаа и бројни реакции на членови на оваа група формирана да се споделуваат фотографии од украдени точаци со цел да бидат побрзо пронајдени. Многумина од граѓаните во своите коментари напишаа дека го препознаваат крадецот кој и порано бил забалежан на надзорните камери во други згради како врши кражби. Но и покрај тоа, тој се уште не бил фатен од страна на полицијата.

-Зарем не може да го фатат. На еден куп камери го има истиов. Аман веке!!, стои во една објава. 

https://www.facebook.com/danee.bezic.71/videos/pcb.3264466106908350/360574234913195/?type=3&theater&ifg=1

https://www.facebook.com/danee.bezic.71/videos/pcb.3264466756908285/360574604913158/?type=3&theater&ifg=1

На почеток