Влезот од црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско од вчера го краси мозаик „ Сите старозаветни пророци кои пророкувале за доаѓањето на просветителот Христос преку Богородица“.
- Мозаикот е со димензии 2 мери и 20 см и висок 3 метри и 70 см. Истиот го изработи проф. Благоја Кузманоски од Скопје, истакна за Охрид 1 Отец Диме Азески.
Црквата Успение на Пресвета Богородица (позната и како: Света Богородица Каменско) е сместена во строгиот центар на Охрид во близина на чинарот и Старата чаршија. Црквата е изградена и живописана во 17 век, а проширена во 1832 година.
Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф, изработени во 1863 година, а црквата била живописана и втор пат во втор пат во 1924 година. Особено интересен е и резбаниот дрвен иконостас за кој се претпоставува дека е дело на мијачки мајстори.
Во дворот на црквата се наоѓа гробот на дебарско-кичевскиот митрополит Антониј.
Неодамна во дворот на црквата беше изградена и осветена крстилница.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, покрај тоа што е од непроценливо богатство, таа е и рај за очи и душа. Во црквата има и галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век.
фото: ФБ Бојана Димче Азески
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)