Скопје

Шеест и шестгодишен скопјанец бил пронајден починат во неговиот стан

Шеест и шестгодишен скопјанец бил пронајден починат во стан на улицата Козле во Скопје.

Од МВР информираат дека вчера во полицијата било пријавено дека од куќата во која живеел подолго време се ширела непријатна миризба, а тој речиси една недела не бил забележан од соседите.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што бил пронајден починат Т. Т.. Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, велат од МВР.

фото: Архива

На почеток