Македонија

Денеска ќе се одлучи дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера рече дека одлуката за евентуално затворање на границите нема да биде политичка.

фото: Архива

На почеток