Македонија

Жена застворена во стан, пукање и бодење со нож, фрлени молотови коктели дел од случувањата во Македонија

На 04.07.2020 во 04,00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија. Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид. За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 04.07.2020 околу 21,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Ш.П.(29) од с.Батинци, скопско, со повреди од нож, кој за кратко време починал. Во меѓувреме донесен бил и Н.С.(28) од с.Батинци исто така со повреди, а со возило од итна медицинска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ пренесени се М.С.(39) од с.Батинци кој бил повреден од огнено оружје, и И.Г.(25) од с.Батинци кој бил повреден со нож. Според првични информации, во двор на угостителски објект во с.Батинци, сопственост на Р.Џ.(27) од село Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож. Постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. од с.Батинци кој е во бегство и по кого се трага. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.07.2020 во 03,50 часот во Полициска станица Прилеп, К.С. од Прилеп, полициски службеник во Полициска станица Прилеп пријавил дека во двор од куќа во негова сопственост на ул. “Киро Крстевски-Платник“ непознато лице фрлило импровизиран молотов коктел кој успел самиот да го изгасне, при што нема повредени лица ниту поголема материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток