Македонија

Филипче на есен очекува поголем замав на коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче на есен очекува поголем замав на коронавирусот во земјава. На денешната прес конференција истакна дека се вршат консултации и координации со раководителите на медицинските центри во земјава за подготовки на медицинските капацитети за есенскиот период.

-Има пораст на заболени во речиси сите земји во регионот во кои дојде новиот бран. Прогнозите дека вирусот ќе исчезне во текот на летото не се остварија. Вирусот е тука и ќе остане подолго време. Оваа реалност ќе трае и подолго време отколку што се прогнозираше, потенцира Филипче.

Тој рече дека наесен вирусот ќе биде посилен и побрзо ќе се шири.

Луѓето нема да може да бидат надвор. Ќе бидат внатре каде инфекцијата може побрзо да се шири. Ние мора да се подготуваме за тој период, предупреди Филипче.

Тој додаде дека се размислува некои студентските домови да се користат како сместувачки центри за болни од Ковид-19.

На почеток