Во ЈУДГ „Буба Мара“ во Општина Аеродром вчера се одржа обука за ран детски развој и учење, која се фокусираше на темите „Како учат децата?“, „Развој на говор од 9 до 6 години“ и „Стимулативна средина за учење“. Обуката беше наменета за професионален развој на воспитувачи, стручните работници и соработници од градинката.
2Целта на овие активности е да се унапреди квалитетот на предучилишното образование, кое е клучно за натамошниот раст и развој на најмладите. Обуката беше интератктивна, а опфатените теми се актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Реализатори на обуката беа високостручни лица во областа на педагошките и психолошките науки од Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје“, велат од општина Аеродром
Обука за професионален развој на воспитувачи во ЈУДГ „Буба Мара“ во Аеродром
Од
Објавено на