Свет

(ВИДЕО) Свештеник ги нападна полицајците за да спаси демонстрант во Белград

На социјалните мрежи се споделува видео од православен свештеник кој учествувал на вчерашните протести во Белград. На кусото видео се гледа како монахот се обидува да спречи полицаец во цивил, кој влече демонстрант за вратот.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека тој е монах кој бил избркан од Православната црква поради своето однесување, а во Србија е познат по неговото спротивставување на властите.

Според српските медиуми, монахот Антониј бил уапсен во 2012 година затоа што со автомобил ги нападнал полициските службеници на едно градилиште.

На почеток