Свет

(ВИДЕО) Масовни протести во Белград, Сергеј Трифуновиќ со раскрвавена глава

По вчерашните нереди во Белград, попладнево почна втор протест на коj собраните граѓани го искажуваат незадоволството oд владеењето на претседателот Александар Вучиќ.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, илјадници демостранти пред зградата на Собранието бараат оставка од Вучиќ, при што свиркаат и скандират слогани како „Вучиќ п***ру“ и „Вучиќ крадецу“.

Група луѓе собрани на протестот во Белград го нападнаа актерот Сергеј Трифуновиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани.

Нападот се случил во близина на Собранието, а на социјалните мрежи се појавија снимки од бркотницата и повредениот Трифуновиќ.

Едно од видеата објавено на „Твитер“ го покажува Трифуновиќ како бега и во главата добива удар со фотоапарат.

Се појавија и снимки од повредениот Трифуновиќ, со раскрвавена глава.

На почеток