Македонија

(ВИДЕО) Објавен разговорот на Заев со лажната Грета

Руските пранкери Вован и Лексус денеска го објавија разговорот кој експремиерот Зоран Заев го имал со „активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко“. Аферата беше откриена минатата есен, а владиниот советник за комуникации Марјан Забрчанец тогаш изјави дека бил разоткриен хибриден напад врз Кабинетот на премиерот и дека разговорот му бил сомнителен на самиот Заев, како и дека знаел дек станува збор за измама.

Инаку како што информираа од кабинетот по разговорот веднаш биле направени проверки, а стапиле во контакт и со семејството на вистинската Грета и ги известиле дека некој го злоупотребува нејзиното име. Покрај го Тунберг беше објавено дека Заев е цел на руски пранкери кои со него неколкупати се слушнале претставувајќи се дека се поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Откако пранкерите ги објавија разговорите на Јутјуб, Владата го зајакна протоколот за телефонски разговори.

На почеток